• Македонија 08.06.2026 16:45

    30 проценти од болниците исполнуваат услови за безбедност

    Една третина од установите кои нудат болничко лекување ги исполнуваат организациските стандарди, како и лекувањето на пациентите и безбедноста на пациентите. Во моментот 10 болници се подготвуваат за акредитација, велат од Агенцијата за квалитет и акредитација.

  • Македонија 08.06.2026 16:22

    Лишен од слобода гостиварец за издржување едногодишна затворска казна

    Вчера во 11:30 часот, полициски службеници од Полициската станица Гостивар го привеле Е.Ф.(32) од Гостивар.

    Тој бил баран по потерница, врз основа на судска наредба за издржување на казна затвор од една година за сторено кривично дело „тешка телесна повреда“.

  • Македонија 08.06.2026 15:08

    Водата во Скопје безбедна за пиење

    Водата за пиење во Скопје е безбедна, покажуваат добиените резултати од испитувањата, односно сите примероци одговараат на Правилникот за барања за безбедност и квалитет на водата за пиење (Службен весник на РМ, бр. 183/18).

  • Македонија 08.06.2026 14:20

    Муцунски од Сараево: Проширувањето на ЕУ е стратешки интерес за целиот Западен Балкан

    Министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски денеска, во рамки на работната посета на Сараево, остварил средба со министерот за надворешни работи на Босна и Херцеговина, Елмедин Конаковиќ.

  • Македонија 08.06.2026 13:55

    Граѓаните со ставови по Нацрт- одлуката за преноси

    Преносите од големите спортски настани треба да се емитуваат на Македонската телевизија за да може сите да ги гледаат и како што налага традицијата, децидни се граѓаните со кои поразговаравме за Нацрт-одлуката на Агенцијата за аудио и аудио-визуелни услуги за утврдување листа на настани од големо

  • Македонија 08.06.2026 13:23

    Ново рочиште за случајот „Пулс“

    Ново рочиште за пожарот во кочанската дискотека „Пулс“ во судницата во Идризово. Судскиот процес продолжи со изведување на материјалните докази.

    Анита Димитријевска Велковска известува.

  • Македонија 08.06.2026 13:17

    Гаши: Заедно да го подобриме законот

    Собранискиот спикер Африм Гаши со отчет за сработеното. Во законодавниот дом го презентираше извештајот за двегодишната работа. 
     
    Марина Стојанова-Тонева известува од Собранието.

     

  • Македонија 08.06.2026 13:15

    Мицкоски: Нето-извозник на електрична енергија

    Од оној фолклор којшто сме навикнати да го слушаме, не видовме ништо поразлично – премиерот Мицоски за новата програмска платформа на СДСМ. Тој денеска е во работна посета на Виница. Од таму најави и нова инвестиција во обновливите извори на енергија.

  • Македонија 08.06.2026 09:13

    Сообраќајот се одвива непречено, по суви коловози

    Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози, информира АМСМ. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен.

    На граничните премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

  • Македонија 08.06.2026 08:55

    Во Собранието седници ќе одржат повеќе комисии

    Во Собранието денеска седници ќе одржат Комисијата за европски прашања, Комисијата за економски прашања, труд и енергетска политика, Комисијата за политички систем и односи меѓу заедниците, Комисијата за одбрана и безбедност, како и Законодавно-правната комисија.

Pages