Сончевото и тивко време продолжува.Температурата утре ќе бележи пораст.Што ќе ни донесе почетокот од месец октомври и до кога ќе уживаме во сончевите есенски денови...
Гледајте МЕТЕО со Наташа Алексоска
Сончевото и тивко време продолжува.Температурата утре ќе бележи пораст.Што ќе ни донесе почетокот од месец октомври и до кога ќе уживаме во сончевите есенски денови...
Гледајте МЕТЕО со Наташа Алексоска
Целосно изгоре куќа во Шуто Оризари. Повредени нема. Пожарот избувнал изутрината околу 9 часот. Куќата се наоѓа на улицата Галичица, во близина на пазарот. Жителите иако во паника, веднаш почнале да го гаснат огнот и ја повикале пожарната.
Вечерва преку директен пренос на МТВ1 ќе се одржи 10-то извлекување од наградната игра „Фискална во рака - награда без мака“.
Одложено е за денеска закажаното судското рочиште по тужбата за навреда и клевета на министерката Елизабета Канческа Милевска против портпаролот на СДСМ, Петре Шилегов.
Причина се професионалните обврски на судијката, а рочиштето е презакажано за 5 ноември.
Двајца Македонци се уапсени во Грција поради шверц на цигари. Тие планирале да прошверцуваат илјада кутии цигари, кои биле скриени во специјални прегради на нивниот автомобил.
Министерот за информатичко општество и администрација, Иво Ивановски, учествува на Светскиот самит за информатички технологии 2014, кој од денеска до среда се одржува во Гвадалахара во Мексико.
Во 30-дневниот законски рок за јавна расправа по нацрт уставните измени предложени од Владата, пред Комисијата за уставни прашања последната од неколкуте дебати со учество на извршната власт и претставници од релевантни институции.
Од денеска па се до 15-ти ноември „Гугл“ почнува со снимање на локации низ Македонија за да го подобри квалитетот на функцијата „Стрит Вју“ во рамки на апликацијата „Гугл мапс“.
Изутрина избувна голем пожар во трговскиот центар во Штип. Во пожарот изгореле импровизираните тезги со картонска конструкција што се наоѓаат во холот.
Пламенот се подигнал и до кровната конструкција каде се евидентни оштетувања.
На телефонската линија за медицински совети за граѓаните 15123 во текот на изминатиов викенд имало вкупно 172 повика.
Сите граѓани добиле соодветна здравствена услуга преку здравствен совет, а на оние граѓани на кои им било потребно и соодветна симптоматска терапија.