Над илјада македонски сточари се погодени од болеста син јазик од која им угинале 6.000 грла. Најпогодени се стадата во Малешевијата и во штипско. Во струмичкиот регион полека се сузбива оваа фатална болест која ги покоси овците.
-
Македонија 26.09.2014 17:03
-
Македонија 26.09.2014 17:01
Анкета на ИРИ: ВМРО ДПМНЕ со убедлива предност пред СДСМ
Премиерот Никола Груевски ужива убедливо најголема доверба меѓу граѓаните, односно 22 насто, потоа следуваат Али Ахмети со 9, Зоран Заев со 4 проценти, Претседателот Ѓорге Иванов и екс лидерот на СДСМ Бранко Црвенковски со 3, а под дванасто рејтинг имаат Мендух Тачи, Руфи Османи и Радмила Шекери
-
Македонија 26.09.2014 15:34
Над 130 години затвор за 31 обвинет во аферата „Милка“
Повеќе од 130 години затвор добија сточарите и полицајците кои македонски добиток нелегално продавале во Албанија. Осум и пол години робија е нависоката санкција, а изречена е и една ослободнителна пресуда.
-
Македонија 26.09.2014 14:29
Грчки државјани спречени да прошверцуваат девизи
За само една недела втор обид за шверц на девизи во Македонија. На граничниот премин Дојран запрени се двајца грчки државјани кои пренесувале речиси 140 илјади евра, во чекови и во готово. Нерезиденти можат да внесат девизи само во вредност од 10 илјади евра.
-
Македонија 26.09.2014 13:37
Афера „Милка“: Пресуда за 31 лице
Пресуда за 31 едно лице од аферата „Милка“ обвинети се криумчарење на добиток од Македонија во Албанија. Највисоката казна е 8 години и 6 месеци, а за другите казните затвор се од ослободителна пресуда до 8 години.
14 лица од обвинетите се во Бегство, а 17 се во притвор.
-
Македонија 26.09.2014 13:32
Интерпол во потрага по Дениса!
Интерпол издаде телеграма со која се активира потрагата за македонката Дениса Маркоса, која што мистериозно исчезна при крстарењето на бродот на компанијата Серенисима во близина на Крит.
-
Македонија 26.09.2014 13:25
Вонредна седница: Владата носи пакет мерки против болеста син јазик
Вонредна седница на Владата на која ќе се донесат пакет мерки против болеста син јазик која ја заразува стоката особено во Источна Македонија.
-
Македонија 26.09.2014 13:19
Метео
Пред нас е викендот кој што ќе ни донесе подобрување на временската состојба во однос на денешната. Утре претпладне сеуште ќе има услови за слаби врнежи,околу пладне се очекува поголемо разведрување со сончеви периоди. Во текот на денот ќе преовладува претежно стабилно но и ветровито време.
-
Македонија 26.09.2014 10:58
Пет нови случаи на заразени од ХИВ вирусот во Македонија
За 5 недели 5 нови случаи на заразени од ХИВ вирусот во земјава. Тројца од нив се студенти од Штипскиот универзитет, пишува порталот „Здравство24“. Според епидемиолозите, бројките се алармантни, а загрижува и начинот на пренос на болеста.
-
Македонија 26.09.2014 10:49
Уапсени најмалку 100 Aлбанци од Македонија и Косово во операцијата „Архимед“
Во најмасовната координирана акција што некогаш била организирана во Европа против организираниот криминал, во која беа уапсени над илјада лица, членови на разни мафијашки групи најмалку 100 се ентички Албанци од Македонија и од Косово.










