Скопје попладнево беше зафатено со големо невреме проследено со силни врнежи од дожд, на некои места град и силен ветер. Како што беше и најавено од страна на метеоролозите, Македонија ја зафати циклонот кој предизвика поплави и невреме на Балканот.
„Почитувај ги правилата почитувај го животот“ кампањата за безбедност во сообраќајот се одвива со делење флаери на кои е испишана црната статистика за загубени животи од невнимателност во сообраќајот. Акцентот е ставен на пречекорување на брзината и неносењето појас.









