Шефот на српската дипломатија Ивица Дачиќ е во Скопје. Ќе има средба со министерот за надворешни работи Никола Попоски, а ќе разговара и со претседтелот Ѓорге Иванов и со собранискиот спикер, Трајко Вељаноски.
-
Македонија 15.09.2014 10:09
-
Македонија 15.09.2014 09:56
Врнежите не им требаат на земјоделците
Честите врнежи од дожд прават штети во земјоделството. Негативно се одразуваат на бербата на грозјето и кај јаболката и крушите.
-
Македонија 15.09.2014 09:50
Премиерот Груевски во работна посета на Турција
Владина делегација предводена од премиерот Никола Груевски од денеска ќе престојува во неколкудневна посета на Република Турција која е значаен економски и трговски партнер на Македонија. -
Македонија 14.09.2014 18:44
Министерката Јанкулоска во едукација на возачите за безбедност во сообраќајот
„Почитувај ги правилата почитувај го животот“ кампањата за безбедност во сообраќајот се одвива со делење флаери на кои е испишана црната статистика за загубени животи од невнимателност во сообраќајот. Акцентот е ставен на пречекорување на брзината и неносењето појас.
-
Македонија 14.09.2014 18:20
Поројните дождови направија проблеми на жителите во Ченто
Mештаните стравуваат дека влагата може да им донесе заразни болести.
-
Македонија 14.09.2014 17:25
Есма Реџепова пример за хуманост и човечност
Мајка на 48 деца, баба на 100 –на внуци. Есма Реџепова низ целиот живот згрижуваше деца без родители и го отвори своето срце за да им обезбеди безгрижно детство. Таа е пример за хуманост и човечност. Раскажа како своите утра ги поминувала подготвувајќи ги најмалите за на училиште.
-
Македонија 14.09.2014 17:03
Таксистите ќе полагаат испит за да добијат сертификат за работа
Прво сертификат па потоа лиценца за такси дејност, ова е една од мерките со кои локалната власт ќе го решава проблемот со нелојалниот превоз на патници во Велес. Лиценцираните таксисти веќе можат да се пријавуваат за да полагаат испит и да го добијат неопходниот сертификат.
-
Македонија 14.09.2014 16:46
На 50 годишнината од потопувањето на Глобочица осветена новата црква Св.Илија
Мештаните низ солзи ќе Ви раскажат како паметат дека дел по дел нивното родно место изчезнувало во длабоките води на ново формираното езеро. Нивното детство за миг заминало со самата вода.
-
Македонија 14.09.2014 11:51
По петти пат скопјани појадуваа на мост
По петти пат на Камениот мост и на мостот Око, се одржа традиционалната Манифестација „Појадок на мост 2014“.
-
Македонија 13.09.2014 18:16
Владината кампања за безбедност во сообраќајот доби поддршка и од Град Скопје
Во обемната кампања за поголема безбедност во сообраќајот „Почитувај ги правилата, почитувај го животот“, прва станица на градоначалникот Коце Трајановски, Јавното Сообраќајно Претпријатие со 600 возачи од кои половината секојдневно се на улиците на главниот град.








