-
Македонија 18.07.2014 12:46
МНР: Да не се патува во подрачјата во близина на Газа
Поради нарушување на безбедносната состојба, ракетните напади од појасот Газа кон делови на Израел и операцијата на израелската војска која е во тек, македонското Министерство за надворешни работи им препорачува на граѓаните на Република Македонија да се воздржат од патување во подрачјата во бл -
Македонија 18.07.2014 11:41
Тешка кражба во Ресен, полесна во струмичко
14 илјади евра, пет илјади и петстотини долари, 200 илјади денари и златен накит се украдени вчера од куќа во Ресен. Во струмичкото село Свидовица пак, е регистриран грабеж на три илјади евра и 10 илјади денари.
-
Македонија 18.07.2014 10:28
Болести уништија 70% од родот кај овошките во источниот регион
Во овоштарството и лозарството во источниот регион 70% од родот отиде. Болести, како резултат на обилните дождови и сонцето по нив, лозјата ги остави без грозје.
-
Македонија 18.07.2014 10:22
Дрекслмаер донираше опрема во детската градинка во Неготино
На нови креветчиња и анатомски столчиња ќе спијат и седат поголем дел од децата кои се згрижени во детската градинка „Фемо Кулаков“ од Неготино.
-
Македонија 18.07.2014 10:17
Отворање на Ургентен центар во ГОБ „8 Септември“
Во Градската општа болница „8 Септември“ денеска свечено ќе биде отворен Ургентен центар.Како што информираат од болницата, извршена е реконтрукција и доградба со квадратура од над 900 м2 за потребите на Ургентниот центар. -
Македонија 18.07.2014 10:08
Взаемно признавање на возачки дозволи меѓу Македонија и Србија
Министрите за внатрешни работи на Македонија и на Србија, Гордана Јанкуловска и Небојша Стефановиќ во Белград потпишаа спогодба меѓу двете влади за взаемно признавање на возачки дозволи на граѓаните од двете земји.
-
Македонија 17.07.2014 18:30
Буралиева и Грчева со активно учество во парламентот
Културата е мојот фах. Со дебатата во матичното собраниско тело опозициската пратеничка Буралиева најавува и активен ангажман во пленарната сала. Спротивно на партискиот став , одлучив вели, пратеничкиот мандат добиен од граѓаните активно да го одработам.
-
Македонија 17.07.2014 17:22
Приговори за државна матура
Учениците кои добиле единици на државната матура поднеле најмногу приговори до испитниот центар. Директорката Мируше Амети вели дека годинава немало технички проблеми при полагањето, но очекува бројот на забелешки да биде поголем од лани. Причина за тоа е воведувањето на 3-от екстерен испит.
-
Македонија 17.07.2014 15:25
Историски успех на Македонија на Oлимпијадата по информатика
Македонските ученици кои учествуваа на најпрестижниот натпревар од областа на програмирањето, 26-тата Интернационална олимпијада по информатика (ИОИ 2014), која се одржува од 13-ти до 20-ти јули во Тајпеј, Тајван, освоија еден сребрен и два бронзени медали.
-
Македонија 17.07.2014 15:23
Човекот што го загуби животот во сообраќајка им го продолжи животот на двајца браќа!
Двајца браќа на возраст од 27 и 29 години ќе го продолжат својот живот без дијализа. Пред два дена успешно им беа трансплантирани бубрезите од кадавер, со мозочна смрт, млад 33-годишен човек кој настрада пред неколку дена во сообраќајна несреќа во Скопје.










