За само два ипол месеци регистрирани се 11 нови случаи на заразени од ХИВ вирусот во Македонија.
Осуммина се хомосексуалци на возраст од 20 до 29 години, најмладиот е тинејџер. Тројца го добиле вирусот преку незаштитен сексуален однос со жена.
За само два ипол месеци регистрирани се 11 нови случаи на заразени од ХИВ вирусот во Македонија.
Осуммина се хомосексуалци на возраст од 20 до 29 години, најмладиот е тинејџер. Тројца го добиле вирусот преку незаштитен сексуален однос со жена.
Министерот за локална самоуправа на Албанија, Бленди Чучи на Македонците во оваа земја им гарантирал дека македонските општини во Албанија нема да бидат припоени кон албанските и дека во овие места Македонците непречено од институциите ќе можат да ги одржуваат јазикот и традицијата.
Претседателот на Република Македонија, Ѓорге Иванов, ќе го додели признанието „Најдобар млад научник” за 2013 година.
Градоначалниците на Град Скопје и на општина Аеродром, Коце Трајановски и Ивица Коневски, како и државниот секретар во Министерството за животна средина и просторно планирање Соња Лепиткова, утре ќе засадуваат рози во општина Аеродорм.
Општина Гевгелија ќе се вклучи во националната еколошка акција „Македонија земја на цвеќето - Земја на розите“ на 21 март - Денот на пролетта.
Утре во 17 часот и 57 минути во Македонија и на целата северна хемисфера календарски почнува пролетта. Во исто време на јужната полутопка на Земјата настапува есента.
Денот утре ќе трае 12 часа и 5 минути. Сонцето ќе изгрее во 5 часот и 39 минути, а ќе зајде во 17 часот и 44 минути.
Три швајцарски компании доставиле понуди на меѓународниот тендер за изградба на првата фаза од пречистителната станица во Гевгелија, соопштуваат од опшината.
Полицијата но и граѓанскиот сектор доколку заеднички соработуваат ќе обезбедат постабилно и побезбедно општество, почетна точка во решавањето на безбедносните проблеми на граѓаните на Охрид и Струга.
Прилеп започна со набавување на новите 10.000 бесплатни корпи за селекција на отпадот кои до крајот на оваа година треба да се распределат кај домаќинставата.
Ноќеска во голема полициска рација во скопската населба Ченто, пронајдени се 13 килограми марихуана кај познат дилер, Јахи.
Биле вршени претреси на повеќе места.