11 нови случаи на заразени од ХИВ вирусот во Македонија
19.03.2014 13:10
Последните 10 години бројката на мажи што се заразиле преку контакт со мажи е петпати зголемена...
За само два ипол месеци регистрирани се 11 нови случаи на заразени од ХИВ вирусот во Македонија.
Осуммина се хомосексуалци на возраст од 20 до 29 години, најмладиот е тинејџер. Тројца го добиле вирусот преку незаштитен сексуален однос со жена.
Застрашувачките резултати се добиени при истражувањето на Институтот за јавно здравје на 200 лица со ризично однесување.
Последните 10 години бројката на мажи што се заразиле преку контакт со мажи е петпати зголемена.