Ива Михаилова нелегално ја напуштила Македонија. Основниот суд од Кочани и определи 30-дневен притвор, распишана е и меѓународна потерница. МВР истражува како се случило Михаилова да излезе од државава и дали тоа било на легален граничен премин. Бугарскиот амбасадор повикан во МНР.
-
Македонија 14.10.2026 11:05
-
Македонија 14.10.2026 09:00
Сообраќајот се одвива непречено, по влажни коловози
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по влажни коловози, информира АМСМ. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен.
На граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
-
Македонија 14.10.2026 08:25
Тројца кандидати на интервју за член на Судскиот совет
Собраниската Комисија за прашања на изборите и именувањата денеска ќе спроведе интервју на кандидатите кои ги исполнуваат условите по Одлуката за објавување на јавен оглас за избор на член на Судскиот совет на Република Северна Македонија што го избира македонското Собрание.
-
Македонија 14.10.2026 08:22
Променливо облачно и постудено
Променливо облачно и постудено. Ќе дува засилен до силен ветер од северен правец, кој наместа ќе надминува брзина од 60 km/h.
Во Скопје, променливо облачно и постудено. Ќе дува умерен, во делови од котлината повремено засилен ветер од северен правец.
-
Македонија 13.10.2026 20:56
Акциска контрола за брзо возење – за шест часа констатирани 641 прекршок
На 11.10.2026 година, во периодот од 14:00 до 20:00 часот, на територијата на целата држава, Секторот за сообраќајни работи при Министерството за внатрешни работи спроведе зајакната акциска контрола насочена кон санкционирање на возачите кои управуваат возила со брзина поголема од дозволената.
-
Македонија 13.10.2026 19:43
Австрија, Чешка и Словачка бараат билатералните прашања да се решаваат меѓу земјите
Различни ставови меѓу земјите од Европската унија за ограничување на можноста за вето во процесот на проширување. Дел од членките бараат подетално разгледување на заштитните механизми, додека други инсистираат да се задржи едногласното одлучување.
-
Македонија 13.10.2026 19:32
Презентирани програмите на кандидатите за шеф на ОЈО ГОКК
Бескомпромисна борба против организираниот криминал и високата корупција – ова го најавија петтемина кандидати за нов шеф на Јавното обвинителство за гонење организиран криминал и корупција. Нивните програми ги претставија пред Советот на јавните обвинители.
-
Македонија 13.10.2026 19:25
Камионите на терен, се собира сметот
Продолжува санацијата на кумановската депонија. Повторно на терен камионите на комуналното претпријатие. Сметот од Куманово се собира и депонира. Се чисти градското подрачје, а се интервенира и во населбите и селата, каде што изминатиов период имаше поголеми насобрани количини.
-
Македонија 13.10.2026 18:00
Зголемен бројот на пациенти во судското одделение во „Бардовци“
Најголем број од психијатриските оддели одржува константен број на пациенти, судскиот руши рекорди по број на згрижени. Иако, Народниот правобранител изрази сомнеж како осуденици за тежок криминал наместо зад решетки добиваат лекување.
-
Македонија 13.10.2026 17:36
Од наредната недела вакцинација против сезонскиот грип
Почнува пријавувањето во системот „Мој термин“ за вакцина за сезонски грип, но битката за заштита нема да биде иста за сите. Предност ќе имаат најризичните. Првите 30.000 вакцини за сезонски грип веќе се пристигнати, а до 15-ти ноември во земјава ќе стигнат уште 26.000.










