Од денеска до 31-ви август, во сила двомесечна забрана за движење во шумите. Се воведува поради зголемен ризик од пожари на отворен простор.
Од забраната се исклучени вработените во надлежните институции, овластени субјекти што вршат шумарски активности и лицата со писмено одобрение.










