Приведен маж од гостиварско, возел 157 км на час на место каде е дозволено 80
Вчера во 15.50 часот на патот Гостивар-Тетово полициски службеници од Полициската станица за безбедност на патниот сообраќај Тетово го лишиле од слобода Б.Ш.(52) од с. Топлица, гостиварско...

Вчера во 15.50 часот на патот Гостивар-Тетово полициски службеници од Полициската станица за безбедност на патниот сообраќај Тетово го лишиле од слобода Б.Ш.(52) од с. Топлица, гостиварско, изнформираат од МВР.
При контрола на патниот сообраќај, било констатирано дека Б.Ш. управувал патничко моторно возило „голф“ со гостиварски регистарски ознаки со брзина од 157 километри на час на место каде што максималната дозволена брзина е 80 километри на час.
Против него ќе биде поднесена кривична пријава по член 297 а од Кривичниот законик – „безобѕирно управување со моторно возило“.
