Промовирана официјалната топка за ЕП 2024
Дизајнот на топката е инспириран од радоста на фудбалот и енергијата на турнирот. Опремен е со специјална технологија која обезбедува читање на секое движење на топката и го олеснува процесот на одлучување на судиите со помош на ВАР, стои на веб-страницата на УЕФА.
Европската фудбалска асоцијација (УЕФА) ја претстави официјалната топка со која ќе се играат натпреварите на Европското првенство во 2024 година. Се вика „Љубовта на фудбалот“.
Дизајнот на топката е инспириран од радоста на фудбалот и енергијата на турнирот. Опремен е со специјална технологија која обезбедува читање на секое движење на топката и го олеснува процесот на одлучување на судиите со помош на ВАР, стои на веб-страницата на УЕФА.
Топката е изработена во бела боја со форми на крила со триаголни дезени во црна, жолта, црвена и зелена боја. На топката се прикажани илустрации на сите стадиони на турнирот, заедно со името на секој град домаќин на Евро 2024.
Направена е од повеќе еколошки биоматеријали. На секој слој од топката беа додадени материјали како пченкарно влакно, шеќерна трска, дрвна маса и гума.
Евро 2024 ќе се одржи во Германија од 14 јуни до 14 јули. Десет градови ќе бидат домаќини на турнирот.
Извор: МИА