Самсунг Галакси Ноут 4 ќе биде претставен на 3 септември

02.06.2014 11:40

Tаблет уредот ќе има 5,7 инчен екран со резолуција 1440 x 2560 пиксели со густина од 515 ppi. Исто така се очекува quad-core Snapdragon 805 процесор, 3GB RAM меморија како и камера од 16 мегапиксели со оптичка стабилизација.

Извори запознати со плановите на компанијата „Самсунг“ откриваат информации дека оваа компанија во текот на август ќе испрати покани, а потоа на 3 септември ќе го одржи својот следен настан Samsung Unpacked.
 
Уредот кој ќе биде претставен ќе биде Самсунг Галакси Ноут 4 таблет.
 
Според најновите информации, таблетот ќе има 5,7 инчен екран со резолуција 1440 x 2560 пиксели со густина од 515 ppi. Исто така се очекува quad-core Snapdragon 805 процесор, 3GB RAM меморија како и камера од 16 мегапиксели со оптичка стабилизација.