Тенис

Седма титула на Новак на АТП финалето

19.11.2023 20:24

Уште една титула и уште еден рекорд за Новак Ѓоковиќ...

Новак Ѓоковиќ постави уште еден рекорд во својата богата кариера, освојувајќи го АТП финалето по седми пат. Во вечерашното финале во Торино, тој го совлада Јаник Синер со 6:3, 6:3 и се оддели од Роже Федерер, кој има шест триумфи на завршните турнири на сезоната.

Ѓоковиќ ќе ја заврши годината како светски рекет број еден по рекорден осми пат, што исто така го обезбеди во Торино, а меѓу врвните постигнувања кои ги оствари оваа сезона се и израмнувањето на севкупниот рекорд од 24 гренд слем титули и освојувањето на 40. Мастерс трофеј.