технологија
Договор за регулирање на вештачката интелигенција
20.11.2023 08:34
Европската комисија, Парламент и Советот преговараат како Унијата да се позиционира во однос на вештачката интелигенција...
Франција, Германија и Италија постигнаа договор за регулирање на вештачката интелигенција и се очекуваат да се забрзаат преговорите на европско ниво. Европската комисија, Парламент и Советот преговараат како Унијата да се позиционира во однос на вештачката интелигенција.
Во јуни, Европскиот парламент претстави „закон дизајниран да се избегнат ризиците од апликациите за вештачка интелигенција, но и дискриминацијата, истовремено искористувајќи ја иновативната моќ на вештачката интелигенција.