Фудбал

Македонија одигра нерешено со Англија во Скопје

20.11.2023 23:07

Најдобрата македонска фудбалска репрезентација на Националната арена „Тодор Проески“ во Скопје во последниот натпревар од квалификациите за пласман на Европското првенство 2024 ремизираше 1:1 против Англија.

На полувреме Македонија отиде со водство од 1-0. Стартот од вториот дел веднаш донесе нови возбудувања. По една акција од десната страна Букајо Сака центрираше, Грилиш погоди но погодокот му беше поништен поради очигледен офсајд. ВАР потврди дека европскиот првак со Манчестер Сити бил во недозволена позиција.

Лидерот во нашата група притискаше од сите страни но македонската одбрана одлично се држеше.

Вечерва европска фудбалска вест е ремито на Македонија со Англија. Со овој меч заврши квалификацискиот циклус. Од нашата група покрај Англија, на Евро 2024 патува и Италија која одигра реми без голови со Украина во Леверкузен и тоа ѝ беше доволно за пласман.