Плакати од оперите на Верди на 42-те Мајски оперски вечери
Бројката на овие уметнички дела е одредена со селекција направена од специојанлните обучени тимови за оваа област. Врз основа на оригиналните плакати направени се високо квалитетни форографии...

Во текот на 42 издание на Мајските оперски вечери посетителите на оперските престави можеа да ги видат плакатите од оперите на Верди. Бројката на овие уметнички дела е одредена со селекција направена од специојанлните обучени тимови за оваа област. Врз основа на оригиналните плакати направени се високо квалитетни форографии.
„Изложбата се состои од вкупно 30дела. Досега поминале многу земји од светот, сите организирани од Италијанската амбасада , конзулатите или Институтите за култура во земјите. За жал во Македонија на постои Институт, но имаме оддел за култура кој максимално се труди и орагнизира повеќе настани од областа на културата.Главен иницијатор за овој настан е Националниот музеј и Националната Академија за античка уметност од Модена во организација со родениот регион на Џузепе Верди, регионот Емилија Ромања“, изјави Дијана Стерју Саздова- оддел за културата во Италијанската амбасада во Р.Македонија.
Идејата потекнува од 2013-та година, кога во светот се одбележуваше 200 годишнината од раѓањето на Џузепе Верди. Целта била да се претстави нешто што е ново , но и лесно да се пренесе од една во друга земја.
„Партитурите се изработени од мајстори кои Верди сам ги бирал во техника од тоа време како што e литографијата. На нив се гледаат повеќе стилови.Првите плакати датираат од 1848 година,а последната од 1900 година. Има и италијански едиции, но и странски: руски, француски, потоа од САД. Ги одбравме најдобрите и ги претставуваме низ свтот“, додава Стерју Саздова.
Од крајот на јуни, изложбата ќе биде претставена во Охрид како составен дел од манифестацијата Охридско лето.
Весна Малјановска
