Калајџиев: Постапката за екстрадиција може да трае до два месеца
Калајџиев вели дека за постапката за екстрадиција на Палевски ќе има повеќе нивоа на одлучување. Вообичаено оваа постапка, особено за тешки кривични дека, може да трае најмалку еден месец, а најмногу до два месеца, вели професорот...

Професорот по кривично право Гордан Калајџиев вели дека за постапката за екстрадиција на Палевски ќе има повеќе нивоа на одлучување. Тој објаснува дека додека се одобри барањето од Македонија, најпрво лицето кое е уапсено од турските власти по меѓународна потерница ќе биде сослушано од управните власти, а подоцна одлука треба да донесе високиот Кривичен суд на Турција. Последниот филтер се носи на политичко ниво, односно од Советот на министри во Владата на Турција. Вообичаено оваа постапка, особено за тешки кривични дека, може да трае најмалку еден месец, а најмногу до 2 месеца, вели професорот.
Калајџиев посочува дека со Турција имаме склучено билатерален договор за правна помош, така што во заемен однос со европската конвенција и Законот за меѓународната соработка во кривичната материја, барањето за екстрадиција треба да ги содржи сите елементи за постапување.
Игор Панов