Продолжува реализацијата на антикризните мерки
Анализите ќе покажат дали од први јануари ќе има продолжување на мерката за замрзнување на цените на прехранбените производи, велат од Економија. Според Бектеши антикризниот пакет помогнал за зачувување на животниот стандард. Најави ако се злоупотребат мерките ќе се зајакнат инспекциските контроли...

Иако инфлацијата се намалува, пакетот на мерки кој го најавивме на почетокот на годината и натаму го реализираме, велат од Министерството за економија. Над 7.000 домаќинства од ранливи категории деновиве ќе добијат директни субвенции за исплата на фактурите за електрична енергија, информира ресорниот министер Крешник Бектеши.
Пакетот мерки за замрзнати цени веќе дава резултати во однос на зачувувањето на животниот стандард, а инспекциите и натаму ќе следат евентуални злоупотреби. Од Министерството за економија велат дека до крајот на годината ќе се донесе одлука дели овие мерки ќе се продолжат.
На средбата со студентските претставници, пак, договорена и нова мерка за ваучери за посета на туристичките места во Македонија, за која се одвојуваат 64 милиони денари и опфаќа од 3 до 4.000 студенти. Со мерките за превоз пак, ќе бидат опфатени над 15.000 студенти кои студираат надвор од местото на живеење, а ќе добиваат ваучери во износ од 600 до 1.200 денари.
Марија Котовска
