Полицајци бркале крадец во училиштен двор во Скопје
Учениците и родителите кои биле затекнати во дворот биле евакуирани во училиштето од стана на обезбедувањето, бидејќи ситуацијата била вознемирувачка.

Денеска попладне, полицијата бркала крадец во дворот на училиштето „Лазо Ангеловски“ во Ново Лисиче во Скопје, што создало паника кај родителите кои ги пречекувале децата од настава. Учениците и родителите кои биле затекнати во дворот биле евакуирани во училиштето од страна на обезбедувањето, бидејќи ситуацијата била вознемирувачка. Биле ослободени пред крајот на седмиот час, додека не пристигнала интервентната полиција да го приведе осомничениот.
Од МВР велат дека станува збор за 28-годишно лице, кое е лишено од слобода поради сомнение дека одзел пари од вработената од аптека на подрачјето на Аеродром.
