МРТ ексклузивно во новата зграда на Народниот театар во Велес
Големата и малата сцена како и помошните простории веќе се готови. Се бројат деновите кога ќе започне поставувањето на ентериерот...

Македонската телевизија, ексклузивно во новата зграда на Народниот театар Јордан Хаџи Константинов - Џинот во Велес. Тука работите веќе финишираат. Големата и малата сцена како и помошните простории веќе се готови. Се бројат деновите кога ќе започне поставувањето на ентериерот.
„Зградата поседува една современа акустична сала. Целата сала е обложена со акустично дрво, сценаската технологија, аудио видеа опремата, озвучувањето сето тоа е морам да кажам најсовремено и најквалитетно. Ќе се вработат и луѓе кои што паралелно одат на обука за самата сценска технологија“, рече Елизабета Канческа Милевска, министер за култура.
Паралелно со подготовките за вселување, тече и огласот за пријавување на текст по кој актерите за прв пат ќе заиграат на новата сцена.
„Ќе се вселиме ние како институција за да можеме да знаеме како функционира оваа зграда. Досега знаат само проектантите и изведувачите редно е да знаат и луѓето кои ќе живеат внатре, актерите сценската техника“, рече Јордан Витанов, директор на велешкиот театар.
Театарската зграда вредна 10 милиони евра се градеше шест години. Одлуката по Скопје ваков објект да се гради во Велес е подари богатото театарско живеење кое започнува со доајенот на македонската глума, Петре Прличко.
Актерите од велешкиот Народен театар треба да ја одиграат првата престава до крајот на годината.
Дијана Иванова
