ЗЕМЈОДЕЛСТВО

Над 3.300 хектари ниви одат под закуп

18.12.2023 08:21

Повеќе од 3.300 хектари државно земјоделско земјиште оди под закуп. Парцелите се со големина над 3 хектари распоредени во 7 региони низ државата. Рокот за поднесување на апликациите е почнат и ќе трае 30 дена од објавувањето на огласот на 13-ти декември годинава …

Повеќе од 3.300 хектари земјоделско земјиште државата под нуди закуп, во 7 региони низ државата. Парцелите се со големина над 3 хектари.

Наменети се за подигнување на долгогодишни насади, ливади и рибници, за поставување на пчелни семејства, за брзорастечки растенија и други култури.

Идните закупци парцелите ќе ги добијат на користење за период од 15 до 70 години во зависност од насадите и посевите што ќе ги одгледуваат.

Право на учество имаат домашни физички и правни, и странски правни лица кои мораат да достават и банкарска гаранција за учество на јавниот оглас во висина на понудена деветмесечна закупнина.

Почетната цена е од 15 до 120 евра за хектар во зависност од катастарската класа и местоположбата на земјиштето.

Еден земјоделец со доставување на една понуда може да аплицира за еден или за повеќе региони.

Огласот за закуп трае 30 дена од неговото објавување, односно од 13-ти декември годинава, а изборот ќе биде по пат на електронско јавно наддавање.

 

Методија Трајков