Економија

Се до воведувањето на гасот во индустријата, нашата економија ќе заостанува зад европската

18.12.2023 11:01

По енергетската криза и стабилизирањето на цената на електричната енергија на светските берзи пелагониското стопанство, бележи благ пораст а паралелно се зголеми и извозот кон балканските земји. Од регионалната Стопанска комора, велат тешко ќе ја достигнеме европската економија се до воведувањето на гасот во индустријата.

По три лоши економски години конечно пелагониското стопанство бележи нагорна линија. Оваа година ќе ја заврши со економски раст од два до три проценти. Напоредно се зголемува и извозот но не кон европските, туку кон балканските пазари, велат од регионалната Стопанска комора.

Според Велковски раздвижувањето се должи на драстичното намалување на набавениот мегават час електрична енергија. За подобри економски резултати и поголема конкурентност на нашите поизводи на европските пазари, неопходно е завршување на процесот на гасификација и воведување на гасот во индустријата.

Во трката за подобри економски резултати стопанствениците и самоиницијативно преземаат мерки.

Над 300 компании во пелагонискиот регион на своите деловни објекти инсталирале фотоволтаици, кој според процентите произвеле 200 мегавати електрична енергија.

Велковски, вели дека за скоро на дофат ќе бидат нови фондови за таа намена и дека регионот е идеален за изградба на ветерници и биогасна централи.

 

Стевче Митревски