Со фадо и фламенко завршува 13-тиот ОФФест

05.06.2014 12:37

Со концертите на Кармињо, најголемата нова ѕвезда на португалското фадо, и на фламенко атракцијата од Шпанија, инспиративниот женски квартет „Лас Мигас“, вечер во МОБ завршува годинашниот 13-ти по ред ОФФест, фествал на музика од светот.

Чист, нежен, но исклучително моќен глас кој негува стари, традиционални фадо мелодии аранжирани од бразилските великани Фернанда Марија и Винисиус де Мораес, ја прави единствена изведбата на Кармињо. Родена во Лисабон, по завршувањето на универзитетското образование и патувањето низ светот, Кармињо сфаќа дека нејзин вистински животен предизвик е страствениот португалски блуз. Освен што потекнува од музичко семејство и е ќерка на познатата фадо пејачка Тереза Сигера, врз неа големо влијание имаат и фадо легендите Лусила до Кармо, Фернандо Маурисио и Амалија Родригез, како и поп члегендите Квин и Битлси.

Барселона, Кордоба, Љеида и Севиља се градовите од кои доаѓаат четирите млади музичарки Алба, Алисија, Росер и Марта познати како „Лас Мигас“. Свират фламенко зачинето со ехо на џипси, латино и медитерански влијанија. Традиционален и истовремено модерен, звукот што го создаваат девојките е единствен и уникатан. „Лас Мигас“ зад себе имаат два албума и настапи на најзначајните светски сцени.