Зеленски најави раст на одбранбеното производство
Според Зеленски, Украина мора да стане способна да ги обезбеди сите неопходни потреби за беспилотни летала.

Претседателот на Украина, Володимир Зеленски, најави значителен раст на домашното одбранбено производство во 2024-та година, а посебно внимание ќе се посвети на производството на сите видови беспилотни летала, како и муниција за нив.
„Во моментов стотици компании се ангажирани во клучните производства и јас сум благодарен на секоја компанија која го обезбедува посакуваниот резултат за нашите војници. Следната 2024 година треба да биде време на значителен раст на домашното одбранбено производство. Ќе обезбедиме договори и буџет“, нагласил Зеленски.
Според Зеленски, Украина мора да стане способна да ги обезбеди сите неопходни потреби за беспилотни летала.
Тој им се заблагодари на украинските воздухопловни сили за, како што рече, импресивното уништување на уште еден брод на руската Црноморска флота.
