Државата ги зголеми субвенциите

Производителите на тутун очекуваат повисоки откупни цени

27.12.2023 16:17

Нова мака со црното злато. Тутунарите очекуваат повисоки откупни цени, државата ги зголеми субвенциите. Ќе биде ли доволно за да се задоволат потребите?

Производителите на тутун очекуваат откупните компании да го следат примерот на Тутунскиот комбинат и да ја зголемат откупната цена на тутунот. Очекуваат и предавањето на реколтата да тече без проблеми, со што ќе заврши како што велат – агонијата на чекањето.

Тутунарите ќе добијат дополнителни 20 до 30 денари субвенција за предаден тутун по класи, информира ресорниот министер Љупчо Николовски. За прва класа, вели Николовски, субвенцијата ќе достигне рекордни 100 до 110 денари. Од оваа реколта, тутунарите ќе плаќаат и помала сума за поверениците кои го контролираат откупот на пунктовите.

Откупот почна, но со тоа и проблемите, откако тутунарите се пожалија на ниските цени.

Марија Котовска