ЗЕМЈОДЕЛСТВО

Авансна исплата на земјоделски субвенции

28.12.2023 08:08

До крајот на годинава земјоделците ќе добијат по 30 проценти аванс на субвенциите. За оваа намена се обезбедени нови 750 милиони денари. По нивно барање е продолжен и рокот за аплицирањето за дополнителните директни плаќања за полјоделски и градинарски култури и овошни и лозови насади. Ова е направено барањата да можат навреме да бидат поднесени …

До крајот на годината земјоделците треба да добијат 30 проценти авансна исплата на субвенциите. Ова е предвидена со новиот модел за финансиска поддршка.

Авансот ќе го добијат 40.000 земјоделци во вкупна вредност од 750 милиони денари. Најголемиот дел од парите се за производителите на полјоделски култури, односно 400 милиони денари, за градинарите 70, за овоштарите 130 и 150 милиони денари за исплата за лозарите.

Млекопроизводителите, исто така, до крајот на годината на своите сметки ќе ги добијат премиите за произведено и предадено млеко од октомври до декември 22-ра и од јануари до април 2023 година. Исплата е во вредност од 257 милиони денари.

Со измени во програмата за директни плаќања, според министерството за земјоделство, субвенциите за лозарите се зголемуваат од 40.000 на 52.000 денари по хектар, а дополнително се воведува и нова мерка за поддршка на производителите на винско грозје предадено во регистрирани винарски визби во износ од 1 денар за килограм. За реализација на оваа исплата од буџетот се обезбеди дополнителни 62 милиони денари.

 

Методија Трајков