Здравје

Разлика помеѓу настинка и грип

15.01.2024 10:19

Првите знаци на настинка се јавуваат ден до два по контактот со вирусот и почнуваат со чешање и воспаление на грлото кое постепено се влошува. Грипот настапува брзо и нагло, кога за неколку часа го чувствувате целото тело како болно…

Болката во грлото и течењето на носот се први знаци на болеста која се појавува и при грип и при настинка, но со важна разлика. Кај настинката проблемите со носот почнуваат откако ќе престане болката во грлото. Носниот секрет постепено станува пообилен, погуст и пожолт, а носот е цело време блокиран. Подобрување има после петтиот ден. Кај грипот нема промена на носниот секрет, но кашлицата трае подолго, сува е и непродуктивна.

Блокадата на носот и чувството на изнемоштеност кои настануваат поради оптовареноста на дишните патишта кај настинката предизвикува главоболка и треска. Кај грипот симптомите се поинтензивни и телото останува приковано за кревет, што најчесто е предизвикано од температурата до 40 степени.

Зависно од вирусите кои ја предизвикуваат настинката се разликуваат различни симптоми. Некогаш тоа може да биде слабост и треска, лежењето не е неопходно и личностите со настинка може нормално да функционираат.

Кај грипот симптомите се со црвени и насолзени очи, кожата изгледа влажна и има висока температура. Болките во зглобовите, губењето апетит и исцрпеноста го принудуваат телото на лежење и минимален контакт со околината.

Врвот на настинката се случува два до три дена по појавата на симптомите, а најлошото поминува по една недела. Настинката би требало целосно да се повлече за 3 до 4 недели по заболувањето.

Грипот го исцрпува телото, па болките и заморот може да се задржат неколку недели, понекогаш и месеци по првата појава на симптомите. Телесните активности во тој период стануваат потешки.