Џејкоб Елорди ќе глуми во новата верзија на „Франкенштајн“

15.01.2024 10:36

Младиот Австралиец ќе го глуми чудовиштето. Тимот глумци го надополнуваат Оскар Ајзак (како д-р Франкенштајн), Мија Гот, Кристоф Валц, Феликс Камерер, Ларс Микелсен, Дејвид Бредли, Кристијан Конвери итн.

Австралискиот актер Џејкоб Елорди ќе глуми во новата верзија на „Франкенштајн“, под режисерската палка на Гиљермо дел Торо.

Младиот Австралиец ќе го глуми чудовиштето. Тимот глумци го надополнуваат Оскар Ајзак (како д-р Франкенштајн), Мија Гот, Кристоф Валц, Феликс Камерер, Ларс Микелсен, Дејвид Бредли, Кристијан Конвери итн.

Елорди минатата година беше актуелен со успешните филмови „Присила“ и „Солтбурн“.

Според критичарите, Елорди (26) покажа дека знае да глуми, па многумина му предвидуваат светла иднина во Холивуд.