„Опен-АИ“ веќе не ја забранува употребата на технологијата за воени цели

16.01.2024 11:28

Делот за забраната е отстранет во новиот напис на страницата од 10 јануари, „за да биде појасно и да обезбеди повеќе насоки за конкретни услуги“, според описот на промените.

Американската компанија „Опен-АИ“ ја промени политиката за јасна забрана за употреба на нејзината технологија со вештачката интелигенција за „воени и армиски“ цели.

Делот за забраната е отстранет во новиот напис на страницата од 10 јануари, „за да биде појасно и да обезбеди повеќе насоки за конкретни услуги“, според описот на промените.

Сепак, „Опен-АИ“ сè уште ја забранува употребата на своите „големи јазични модели“ (ЛЛМ) за сè што може да предизвика штета и ги предупредува луѓето да не ги користат неговите услуги за „развивање или користење оружје“.

Компанијата засега нема производ што директно би можел да убие некого или да предизвика физичка штета. Но, технологијата на „Опен-АИ“ може да се користи за задачи како што се создавање код и обработка на нарачки за купување работи што би можеле да се користат за убивање луѓе.