Трките во Формула 1 ќе се вратат на улиците на Мадрид по 45 години
Шпанската престолнина Мадрид и Светската автомобилска федерација (ФИА), потпишаа договор за соработка до 2035 година.

Шпанската престолнина Мадрид и Светската автомобилска федерација (ФИА), потпишаа договор за соработка до 2035 година. Трките во Формула 1 на тој начин ќе се вратат на улиците на Мадрид по 45 години.
Од 2026 година, Шпанија ќе биде домаќин две трки во првенството на Формула 1, бидејќи Каталонија е редовна локација од 1991 година. Патеката ќе биде долга пет километри, ќе има 20 свиоци, а идејата на организаторот е да обезбеди капацитет за 140.000 луѓе.
Шпанија, Мадрид пред сè, го доби ова значајно признание поради она што му го нуди на овој спорт преку големата база на фанови, но и поради возачите на Астон Мартин и Ферари, Фернандо Алонсо и Карлос Саинц.