Кина
Кина незадоволна од акциите на САД во Тајван
25.01.2024 17:49
Пекинг со обвинување до Вашингтон дека преземаат негативни акции откако за првпат запловија воен брод во Тајванскиот теснец по претседателските избори на островот на почетокот од овој месец...

Кина не е задоволна од акциите на САД во Тајван. Пекинг со обвинување до Вашингтон дека преземаат негативни акции откако за првпат запловија воен брод во Тајванскиот теснец по претседателските избори на островот на почетокот од овој месец.
Потезите го прекршуваат принципот „Една Кина“, велат од кинеското МНР. Разурнувачот Џон Фин во средата испловил низ тајванскиот теснец, операција која ја поддржува слободата на навигација, соопшти американската морнарица.
