Француските фармери на протест, не се задоволни од исплатите
Се мобилизираат и француските фаремери, кои по несреќниот случај на една од патните барикади во која загинаа една жена земјоделка и нејизната ќерка, протестот се радикализира со уништување на странски земјоделски производи на патиштата. Француската влада најавува мерки и засега не интервенира со силите на редот за да не го разгори протестот и на другите сектори...

Веќе е можеби прекасно, зелените елеци на француските земјоделци денес се помешаа заедно со тие на рибарите од Бретања, кои исто така се појавија на протестите. Од раните утрински часови, кон поголемите француски метрополи, меѓу кои и Париз започнаа да се движат колони на трактори и се закануваат дека масовно ќе дојдат во Париз. Според извештаите, земјоделците запираат странски камиони на автопатот А7 кај Монелимар и ја палат и ја расфрлаат стоката, ова како дел од нивните барања за регулирање на нелојалната конкуренција, како и намалување на даноците.
Инаку, на повеќе места се попречуваат патиштата или се филтрираат. Така, 400 трактори ја блокираа европската престолнина Стразбур:
„Кој друг начин го имаме, освен овој. Лично не сакам да ги блокирам луѓето, ама немаме друг избор“, изјави Јаник Фишер, земјоделец.
Французите го следат протестот со флегма:
„Ова не вообичаениот пат, но импровизираме ќе ни земи малку време“.
„Навистина мачно е, ама добро ги разбирам“.
„Ми пречи бидејќи ќе доцнам. Но ,не сум гневен и целосно го поддржувам протестот“.
Земјоделците во Франција, земјата која е и најголем производител на земјоделски и прехранбени производи во ЕУ, истакнуваат дека не се доволно платени и дека се задушени од прекумерната регулатива како дел од заштитата на животната средина.
Исто така се вели дека зелената политика се заснова на контрадикторните цели секоја земја да се направи самодоволна во производството на храна и други стоки. Но тоа што најмногу ја плаши владата на Габриел Атала и претседателот Емануел Макрон е протестите на не се претворат во движење на „Жолтите елеци“. Затоа наредбата силите на редот да не интервенираат.
Тони Гламчевски
