ХАГ

Mеѓународниот суд во Хаг ќе ја објави одлуката во процесот против Израел

26.01.2024 09:05

Mеѓународниот суд на правдата во Хаг денеска ќе ја објави одлуката за барањата за привремени мерки во тужбата од Jужноафриканската република за геноцид на Израел во Газа.

Mеѓународниот суд на правдата во Хаг денеска ќе ја објави одлуката за барањата за привремени мерки во тужбата од Jужноафриканската република за геноцид на Израел во Газа.

Беше поднесена на 29-ти декември лани, со тврдење дека Израел ги прекршил обврските од конвенцијата за геноцид и побара привремени мерки за „спречување на натамошна, сериозна и непоправлива штета на правата на палестинскиот народ“.

Тел Авив ги отфрли обвинувањата, а израелските правни претставници посочија дека „ако ништо друго, Хамас е виновен за геноцид“.