свет
Прогласена вонредна состојба во Чиле поради шумските пожари
03.02.2024 18:33
Пламените јазици принудија стотици жители да се евакуираат...

Чиле прогласи вонредна состојба поради шумските пожари кои ја зафатија земјата. Пламените јазици принудија стотици жители да се евакуираат. Според официјалните лица, регистрирани се 10 смртни случаи.
Од средата, температурите во централниот дел на Чиле и во главниот град Сантијаго достигнаа 40 степени, што ја отежнува борбата со огнената стихија.
