Блиски Исток

Хутите извршија напади на југот од Израел

03.02.2024 17:37

Претходно, израелските одбранбени сили објавија дека противвоздушната одбрана пресретнала ракета земја-земја над Црвено Море...

Јеменските Хути извршија ракетен напад на југот на Израел. Претходно, израелските одбранбени сили објавија дека противвоздушната одбрана пресретнала ракета земја-земја над Црвено Море. Продолжуваат бомбардирањата на југот на Газа.

Катар тврди дека Израел и Хамас се блиску до постигнување договор за прекин на огнот и за ослободување на заложниците.