Сцена

Доделени наградите „Греми“- Тејлор Свифт испиша историја

05.02.2024 11:06

Таа вчера ја освои четвртата статуетка за нејзиниот албум „Midnights“. Претходно, оваа награда ја доби за албумот „Fearless“ во 2009 година, за „1989“ во 2015 година и за „Folklore“ во 2021 година.

Американската пејачка Тејлор Свифт (34) испиша историја на синоќешното доделување на музичките награди „Греми“ и стана музичарка со најмногу победи во категоријата албум на годината. Таа вчера ја освои четвртата статуетка за нејзиниот албум „Midnights“. Претходно, оваа награда ја доби за албумот „Fearless“ во 2009 година, за „1989“ во 2015 година и за „Folklore“ во 2021 година.

„Би сакала да кажам дека ова е најдобриот миг во мојот живот, но се чувствувам среќна кога создавам песна. За мене вистинската награда е трудот. Сѐ што сакам е да можам да продолжам да го правам ова што го работам. Тоа ме прави многу среќна“, изјави Свифт по добивањето на признанието.

Поп-пејачкката притоа објави дека во април ќе го издаде и својот 11-ти албум, насловен „The Tortured Poets Department“.

За песна на годината е прогласена баладата „What Was I Made For?“ во изведба на Били Ајлиш, а пак, Мајли Сајрус доби „Греми“ за најдобар соло перформанс, за песната „Flowers“. Ар-ен-би и поп-пејачката Викторија Моне е прогласена за најдобра нова изведувачка.

„Греми“ наградите се доделуваат во повеќе од 90 категории, а победниците ги избираат музичари, продуценти и други лица членови во американската Национална академија за музички науки и уметности.