Поголема отпорност на екранот: Создаден „неунишлив“ премаз за дисплеи

11.06.2014 11:38

Докторот Ју Жу од Универзитетот Акрон смета дека неговиот тим дошол до решение. Сегашните екрани се премачкани со транспарентна супстанца, која е електропроводна...

Без разлика на отпорноста на екранот на мобилниот телефон, сепак во прашање и натаму е само стакло, а со паѓање на апаратот на земја речиси неизбежно е негово кршење.

Докторот Ју Жу од Универзитетот Акрон смета дека неговиот тим дошол до решение. Сегашните екрани се премачкани со транспарентна супстанца, која е електропроводна. Меѓутоа, оваа супстанца е лесно кршлива, а притоа и скапа. Тимот на Жу создаде алтернатива која ги има истите електропроводни својства, но со поголема флексибилност што и овозможува на издржи поголема јачина на удар, која без проблем би ги скршила конвенционалните дисплеи.

Жу се надева дека овој материјал наскоро ќе им биде конкуренција на традиционалните решенија, но и лек кој ќе го спречи кршењето на екраните еднаш засекогаш.