Леонардо ди Каприо снима нов филм

08.02.2024 13:52

Папараците го забележале во лежерен стил на облекување „како се однесува параноично“. Имало и полициски автомобили на снимањето.

Објавени се првите фотографии од новиот филм со холивудскиот глумец Леонардо ди Каприо. Се работи за остварување на режисерот и сценарист Пол Томас Андерсон, првично насловено како „BC Project“.

Папараците го забележале во лежерен стил на облекување „како се однесува параноично“. Имало и полициски автомобили на снимањето.

Неодамна се пишуваше дека тој потпишал за филмската адаптација на романот „Вајнленд“ на Томас Пинчон од 1990 година, но не е познато дали овој филм на Андерсон е за тоа.