Грција

Продолжуваат блокадите на земјоделците во Грција

17.02.2024 15:58

Земјоделците од цела Грција продолжуваат со блокадите и активностите во пресрет на големиот протест во Атина закажан за вторник попладне...

Земјоделците од цела Грција продолжуваат со блокадите и активностите во пресрет на големиот протест во Атина закажан за вторник попладне.

Со симболично затворање на автопатот од Солун кон Халкидики, автопатот Игнатија и граничниот премин кон Албанија тие се обидуваат да го зголемат притисокот врз властите да им дозволат на собирот да стигнат со трактори.

Земјоделци се сретнаа со премиерот Кирјакос Мицотакис кој им соопшти дополнителни мерки за поддршка, меѓутоа по средбата коментираа дека не биле исполнети сите нивни барања.