Каролина со концерти на 1-ви и 2-ри март
19.02.2024 12:00
Авалон Продукција се одлучи да закаже и втор концерт на Каролина во уште подобар ден - сабота, 2-ри март, од 21 часот во ноќниот клуб „Pure“.

Не само поради фактот што интересот за веќе распродадениот концерт на Каролина закажан на 1-ви март стана реален после неговото распродавање, туку како што е ред, и бидејќи многу други празници имаат свое продолжено дејство, Авалон Продукција се одлучи да закаже и втор концерт на Каролина во уште подобар ден - сабота, 2-ри март, од 21 часот во ноќниот клуб „Pure“.
Од продукцијата информираат дека влезниците се од денес во продажба онлајн на ticketx.mk и во продажната мрежа на ticketx низ Македонија.