Данијела Мартиновиќ премиерно во Македонска филхармонија на 17-ти март
Данијела и денес е една од најголемите хрватски ѕвезди, активна и актуелна со нови албуми и безброј хитови, па време е за нејзин концерт во Македонска филхармонија Со Данијела една работа е секогаш сигурна - срцето ѝ е секогаш 1.000% на сцена, велат од Авалон.

Данијела Мартиновиќ и нејзиниот бенд на 17-ти март премиерно, за прв пат со концерт во Македонска филхармонија, најавуваат од Авалон продукција.
„Евидентно најуспешниот проект некогаш воопшто направен во Универзална сала, од нејзиното постоење, па се до нејзиното затворање беше токму нашата пријателка Данијела Мартиновиќ, со која Авалон Продукција распродаде неверојатни 11 Универзални сали во само 2ипол години“, соопштуваат од продукцијата.
Нагласуваат дека Данијела и денес е една од најголемите хрватски ѕвезди, активна и актуелна со нови албуми и безброј хитови, па време е за нејзин концерт во Македонска филхармонија Со Данијела една работа е секогаш сигурна - срцето ѝ е секогаш 1.000% на сцена, велат од Авалон.
Влезниците се веќе пуштени во продажба.