Бочварски: Преку 2 милијарди евра инвестиции во изградба на патишта, железници, гасоводи, водоводи
Министерот Бочварски во рамки на денешната посета на општина Струмица, заедно со градоначалникот Костадин Костадинов, извршија увид во инфраструктурните проекти што се реализираат во општината...

Преку 2 милијарди евра во моментов инвестираме во целокупната инфраструктура во земјава и тоа го покажуваат и бројките и бројните проекти што ги реализираме на терен. Капиталните инвестиции ги реализираме во континуитет за да обезбедиме квалитетна инфраструктура и да реализираме проекти кои носат директен бенефит за граѓаните и економијата, истакна министерот Благој Бочварски денеска од Струмица.
Министерот Бочварски во рамки на денешната посета на општина Струмица, заедно со градоначалникот Костадин Костадинов, извршија увид во инфраструктурните проекти што се реализираат во општината.
При посетата на населеното место Градско Балдовци, министерот Бочварски истакна дека преку Министерството за транспорт и врски се гради 10 километри комунална мрежа со вкупна инвестиција од 1,3 милиони евра.
Тие извршија увид и во реконструкција на локалната улица Братство Единство, која се реализира преку Министерството за транспорт и врски во висина од 18,7 милиони денари.
Градоначалникот Костадин Костадинов потенцираше дека со капиталните инвестиции во општината, Струмица станува економски центар во државата.
