На 102 години почина модната икона Ајрис Апфел
Апфел својата слава ја достигна во 1980-тите и 1990-тите, но беше познато лице на модните недели во Париз повеќе од половина век.
Американската дизајнерка и модна икона Ајрис Апфел почина на 102 години. Самонаречената „геријатриска-старлета“ беше препознатлива по нејзината кратка бела коса, големи очила, светол кармин и нејзиниот накит.
Апфел својата слава ја достигна во 1980-тите и 1990-тите, но беше познато лице на модните недели во Париз повеќе од половина век.
Апфел е родена во еврејско семејство во 1921 година. Таа студирала историја на уметност, а специјализирала внатрешен дизајн. Со децении работела како внатрешен дизајнер, вклучително и на проекти за реставрација на Белата куќа, пред да стане инфлуенсерка во нејзините осумдесетти години и професионален модел на 97 години.
На Инстаграм Апфел има три милиони следбеници, а често го споделуваше своето кредо: „Повеќе е повеќе, а помалку е досадно“.