Технологија

По прекин од еден час, Фејсбук и Инстаграм повторно достапни за корисниците

05.03.2024 19:11

Од компанијата „Мета“, информираат дека со Фејсбук и Инстаграм настанал технички проблем поради кој корисниците на овие социјални мрежи не можеле да пристапат до своите профили.

По прекин од еден час, социјалните мрежи Фејсбук и Инстаграм, како и апликациите Месинџер и Трејдс повторно се достапни за корисниците.

Од компанијата „Мета“, информираат дека со Фејсбук и Инстаграм настанал технички проблем поради кој корисниците на овие социјални мрежи не можеле да пристапат до своите профили. Нагласуваат дека проблемот сега е решен.

Денеска бројни корисници на глобално ниво, меѓу кои и корисници од земјава, пријавија потешкотии при пристапување до овие мрежи. Засега е непознато на што се должи едночасовниот прекин.