Прекумерна телесна тежина, ризик фактор за појава на разни заболувања
Упорноста, борбата и силната желба даваат резултати. Тоа го сведочи и Невриј Адеми од Тетово кој подолг период се соочуваше со голема гојазност. Пред околу 3 години тежеше 230, а сега има 100 килограми …

Со хируршки интервенции и диети, за две години Адеми ослабел 140 килограми. Но, борбата раскажува, не беше едноставна. Откажувањето од одреден вид храна и вежбање на таква гојазност не помагаше, вели тој, па решил помош да бара во болниците во Турција.
Таму ја прави првата операција со скратување на желудникот, но тој потфат не се покажал како успешен. Напротив како што вели, наместо да се намалат, килограмите се зголемиле. На крај одлучил да го отстрани целиот желудник, што резултирало со успех.
Но, и после операции предизвиците за Адеми продолжуваат. Сега оброците му се на секои 15 минути, но само по неколку залаци.
Гојазноста велат здравствените работници станува „јавно-здравствена бомба“. Над 30% од децата во Македонија се со прекумерна телесна тежина.
Таа е ризик фактор за појава на разни незаразни заболувања.
Речиси една милијарда од светската популација е гојазна, а сè повеќе и во Македонија се отвораат разни центри против дебелина.
Зоран Димовски
