Чиа- супер храна корисна за целиот организам

12.03.2024 10:33

Заради високото ниво на Омега 3 масни киселини, протеини, антиоксиданти, витамини и минерали кое ги содржи чиа семето, има корисно влијание на целиот организам, како и на состојбата на кожата...

Чиа семето е богато со разни хранливи материи и е одличен додаток во исхраната. Ако почнете да го консумирате редовно, ќе почнете да ги забележувате придобивките за само еден месец. Од поздраво срце и подобра дигестија, па сè до намалување на холестеролот. Заради високото ниво на Омега 3 масни киселини, протеини, антиоксиданти, витамини и минерали кое ги содржи чиа семето, има корисно влијание на целиот организам, како и на состојбата на кожата.

Чиа семето содржи повеќе Омега 3 масни киселини од рибиното масло. Содржи и 30% повеќе антиоксиданти од боровинките. Маслото од чиа, исто така е богато со протеини, витамини А, B1, B2, B3, железо, магнезиум, калиум, фосфор, манган, бакар, молибден, ниацин и цинк.

Кога се работи конкретно за нега на кожа, чиа семето ја стабилизира масната и воспалената кожа, помага во борбата против инфекциите, го спречува создавањето на лузни и го намалува црвенилото.

Антиоксидантите во чиа семето овозможуваат побрзо обновување на клетките на кожата и го блокираат штетното влијание на надворешните фактори. Со други зборови, помага во спречувањето на знаците на стареење и ја подобрува севкупната здравствена состојба на клетките на кожата.