Штрајкот на „Луфтханза“ продолжен во Минхен
Кабинскиот персонал во авиокомпанијата Луфтханза продолжи со штрајкот. По вчерашните откажувања на летовите во Франкфурт, за денеска се анулирани сите полетувања од аеродромот во Минхен...

Кабинскиот персонал во авиокомпанијата Луфтханза продолжи со штрајкот. По вчерашните откажувања на летовите во Франкфурт, за денеска се анулирани сите полетувања од аеродромот во Минхен.
Се очекува да останат приземјени околу 400 авиони, што ќе влијае на околу 50.000 патници. Синдикатот бара зголемување на платите за 15% за своите речиси 18.000 членови кои работат со Луфтханза во период од 18 месеци.
Дополнително, бара бонус за прилагодување на инфлацијата од 3.000 евра. Поради штрајк изминатото деноноќие не сообраќаа ниту возовите. Во прекин беше и товарниот сообраќај.
