Земјотрес од 5,4 степени по Рихтер во Црна Гора
Силен земјотрес од 5,4 степени по Рихтер изутринава ја тресеше Црна Гора. Граѓаните сведочат дека тресењето било долго и силно...

Силен земјотрес од 5,4 степени по Рихтер изутринава ја тресеше Црна Гора. Епицентарот бил на околу 70 километри од Подгорица и на длабочина од 15 километри. Граѓаните сведочат дека тресењето било долго и силно. Потресот е почувствуван и во Хрватска, Босна и Херцеговина и во Македонија. Засега нема информации за штети. По проценките беше соопштено дека нема опасност од цунами.
„Изутринава во 4 часот и 6 минути се почувствува силен земјотрес во подрачјето на општина Пужина. Засега нема податоци за некакви поголеми материјални штети, но постојат помали во вид на напукнатини на ѕидовите во тоа подрачје и одрон на локален пат“, изјави Миодраг Бешовиќ – директор за спасување и заштита на МВР на Црна Гора.
