Украина

Поддршка за Киев додека војната се разгорува

14.03.2024 08:54

Брисел одлучи да испрати уште пет милијарди евра во Киев, додека Прага вети испорака на артилериски гранати до јуни...

САД нема да ја менува својата нуклеарна доктрина по изјавите на Путин. Уверуваат дека нема индикации Русија да употреби нуклеарно оружје во Украина. Брисел одлучи да испрати уште пет милијарди евра во Киев, додека Прага вети испорака на артилериски гранати до јуни.

Германскиот канцелар Шолц, пак, ја отфрли можноста да испрати војници и ракети „Таурус“ во Киев. Војната со дронови меѓу Русија и Украина се разгорува.

Во изминатото деноноќие Москва тврди дека соборила речиси 60 украински дронови.